ВО ШВАЈЦАРСКИОТ ШАФХАУЗЕН

Даниел Дупјачанец

Одличниот голман Даниел Дупјачанец е пред нов предизвик, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен. Станува збор за тим кој е повеќекратен шампион на својата земја, а редовно настапува во групи од Лигата на шампионите. Во тоа натпреварување скоро ќе продолжат натпреварите, но Дупјачанец ќе нема право да биде меѓу стативите, бидејќи истава сезона веќе го чуваше голот на скопски Металург, тим кој беше дел од шампионската лига. Сепак, претстојат мечевите во домашното првенство.

Дупјачанец го барале во Германија, бидејќи беше репрезентативец и настапуваше на минатото Европско првенство. Потекнува од школата на Тутунски. Настапуваше за Младост Богданци, во Ирак, Косово и во Металург.

Loading