КЛУБОВИ ОД ГОЛЕМ, ИГРАА МАЛ ФУДБАЛ

Историја

Необично, а многу атрактивно. Во декември 1991 г. и јануари 1992 г, на иницијатива од ФСМ се формира Лига во мал фудбал со осум клуба: југословенските прволигаши Вардар и Пелистер, второлигашот Балкан, третолигашите Брегалница, Борец, Силекс, Македонија и Победа. Се планираа седум кола, но поради откажувањето и суспензијата на Брегалница не се одиграа сите натпревари на турнирите: во Скопје, Штип, Куманово, Битола, Велес и двата во Прилеп. Екипата на Победа одигра одлично, постигнувајќи четири победи (Силекс 6-2, Брегалница 11-2, Македонија 5-3, Борец 3-1), две нерешени (Балкан 0-0, Пелистер 2-2), а доживеан само еден пораз (Вардар 3-4). Најинтересен беше токму дерби – натпреварот со Вардар во преполната Универзална сала. За Победа настапија: Бл. Смоквоски, М. Стојкоски, М. Тодороски, Г. Тодоровски, Г. Наумоски, Т. Наумоски, Шалев, Б. Милошески, Филипоски и Јошески.

Табела: Вардар 11, Победа 8, Пелистер 6, Борец и Македонија 5, Балкан 4, Силекс 3.

Loading