РЕМИ СО ДИНАМО МОСКВА

Дарко Тофилоски

Голманот Дарко Тофилоски продолжува во редовите на словачкиот прволигаш Дунајска Стреда. Во тек се подготовките низ пријателските натпревари. Досега се одиграни четири. Првиот е загубен од чешката Карвина со 0-1, а вториот беше реми, 1-1 против украинскиот тим Карпати. Третиот беше најефикасен и заврши со 2-2 против најзвучниот ривал, рускиот Динамо Москва. Тука во првата постава меѓу стативите на Дунајска Стреда беше Тофилоски. Четвртиот меч се случи пораз со 0-1 од казахстанскиот Каират. Најавени се уште тест-натпревари: со чешките Јихлава. Млада Болеслав и Жилина.

Првенството во Словачка продолжува на 18 февруари, кога осмата Дунајска Стреда гостува на второпласираната Подбрезова.

Loading