Ракомет жени
Понеделникот беше ден кога почна со работа и женскиот суперлигаш Прилеп под водство на тренерот Рубин Богојески. Тренинзите се кондициски, а потоа тактичко-технички. Заедно со приклучените младинки има 15-16 првотимки на тренинзите во ,,Ричко”. Ниедна од минатогодишниот состав не замина, што доволно зборува за прогресот во клубот на организациски план, како и за заедничката решеност да се остварат амбициите за подобар пласман. Што се однесува до засилувањата, потребна е само една нова, на деснокрилна позиција. Таа се очекува да се приклучи деновиве, а станува збор за Ангела Јанкуловска, стружанка од редовите на Пелистер. Во втората фаза од подготовките планирани се пријателски натпревари, најверојатно со грчката Филота Аминдио, како и со македонски ривали од поблиските околни градови.
Кога ќе продолжи пролетниот дел од првенството ќе биде познато во вторник, на Собранието на Ракометната федерација на Македонија.