ОЗАКОНЕТИ ДЕВЕТ ИЛЈАДИ ДИВОГРАДБИ

Со донесени околу 9.000 решенија за легализација на диво изградени објекти Прилеп е лидер во Македонија  во спроведувањето на овој закон.

-Од вкупно поднесените 15.367 барања во 2011 и 3.077 во продолжениот рок во 2016-та, Општина Прилеп одговорила дури на 9.000, со што ефикасноста засега е над 60 отсто – посочи Никола Кимоски од одделението за урбанизам.

Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп понатаму останува лидер во Македонија со легализацијата.

-Продолжуваме со ова темпо и големата ефикасност. Секторот за урбанизам располага со врвен тим за брзо одговарање на барањата за легализација. Од огромна помош е и ефикасноста на државните и приватните катастри. За добрите резултати секако се заслужни и граѓаните и нивната голема иницијатива што побрзо да ги легализираат  дивоизградените објекти. Со ова, граѓаните добиваат многу, затоа што голем дел од нив, после децении, добиваат имотен лист за своите објекти – рече Ристески..

Последен рок за поднесување на елаборати во продолжениот рок од 2015/2016 година е крајот на 2017-та година, а крајниот рок за сите комплетирани барања за доработување е 2021 година.

Loading