ЈКП Пазари
– Од 2010 г. до декември 2016 г. реализирани се бројни инвестициони активности, а последниве три години вложени се 15 милиони денари
– Во сложените услови за стопанисување, менаџментот за годинава проектира инвестиции од 7 милиони денари.

Трендовите наметнати од современото живеење бараат постојано инвестирање и следење на промените на пазарот на понуда на услугите. Затоа ЈКП Пазари е ориентирано кон обезбедување на квалитетен јавен сервис за граѓаните во рамките на дејноста, а во согласност со актот за основање и законските и подзаконските прописи од оваа област. Политиката на стагнација и проста репродукција од претходниот период тешко се одржува на долг рок, без да се рефлектира во рентабилноста и ликвидноста. Своевремено не соодветен квалитет на пазарни услуги и лошата состојба на деловните објекти за стопанисување, создадоа иницијатива за сериозни инвестициони зафати преземени од новиот менаџмент.
Според директорот Пецо Димоски, досегашните вложувања, а и претстојните, насочени се кон осовременување и модернизирање на просторот во пазарот и на деловните објекти. Тоа придонесе развој на претпријатието и премостување на тешкотиите. Сето тоа овозможи зголемена конкурентност и адаптибилност со крајна цел, подобрување на условите на пазарот и обезбедување јавен сервис. Инвестиционите вложувања придонесоа успешно да се надмине јазот меѓу услугите на ЈП и приватниот сектор – објаснува Димоски.
Од 2010 г. до декември 2016 г. релизирани се бројни инвестициони активности и тековни оперативни работи со што се обезбедени современи услови за работа на закупците. Преземените инвестиции го наредија ЈП да биде лидер во Македонија во квалитет, модернизација и иновација во дејноста на пазарните услуги и пример што го следат ЈП во другите градови. Со обезбедените приходи последниве три години вложени се 15 милиони денари.
– Направени се хидранти, односно обезбедени се сите минимално -хигиено технички услови што е потврдено од надлежните институции, потоа подобрена е енергетската ефикасност со замена на надворешна и внатрешна столарија во постојните канцеларии, допокриен е комлетниот дел од пазарот за зеленчук и овошје, покриен е дел од новиот дислоциран текстилен пазар, поставени се тенди за зелениот и текстилниот пазар, поставен е лед – дисплеј на влезот од пазарот за следење на активностите на пазарот, како цените и видот на производите кои се продаваат, проектите на пазарот и локалната самоуправа, отворена е веб страница и подготвен е проект за допокривање дел од зелениот пазар уште на 1400 м2. Тоа не е сé. Направен е проект за изградба на нов млечен пазар, проект за нови деловни објекти, проекти за осовременување, доградба и проширување на постојните деловни простории во сопственост на пазарот, проект за покривање и осветлување на текстилниот пазар, легализиран е целокупниот имот и заокружени се имотно – правните односи и допокриен е просторот во делот на текстилниот пазар на околу 700 м2. Во 2014 г. е завршена градбата на новиот млечен пазар во рамките на стариот градски пазар, репарирани се тезгите во текстилниот пазар и збогатување со боксови за складирање на стоката од закупците, осветлен е зелениот и текстилниот пазар, обезбеден е 24 часовен видео и физички надзор, со што се реши и проблемот на обезбедување од кражби и оштетување на стоката од закупците, допокриен е преостанатиот дел од просторот на текстилниот пазар, изградени се нови деловни објекти на местото на старите и руинирани објекти околу зелениот пазар – вели првиот човек на ЈКП Пазари.

Во сложените услови за стопанисување, менаџментот на ЈКП Пазари за годинава проектира инвестиции од 7 милиони денари.
– Годинава ќе има реконструкција, доградба и проширување на постојните деловни простории околу текстилниот пазар, реконструкција и модернизација на управната зграда, поставување на подземни контејнери во пазарот и околу него со што се обезбедува повисок стандард на одлагањето на сметот кој се собира во пазарот, реализација на проект за дотур на стока до тезгите на закупците, дуќаните во пазарот и дуќаните во центарот со електрични возила – најавува Димоски.
Претстојните зафати се насочени во правец на обезбедување на непреченост, континуитет, достапност и универзалност на услугите како и финансиска стабилност и сигурност на долг рок. Осовременувањето и модернизацијата на просторот и имотот е предизвик за менаџментот кој континуирано го реализира и треба да даде своја рефлексија во обезбедувањето на квалитетен јавен сервис за граѓаните.
ЈКП Пазари располага со околу 5 000 м2, распоредени на 380 тезги за продажба на земјоделски производи, за бижутерија и текстил, за ситна стока и плацеви пред дуќани. Препријатието стопанисува и со одреден број на дуќани кои се изнајмуваат за различни дејности во рамките на пазарот. Располага со тезги на два дислоцирани пазари, еден во населбата Точила и еден во населбата Марино маало.
Среднорочие 2017-2021 г.
Сончева струја
Визијата на ЈКП Пазари е претпријатието да прерасне во значаен регионален центар за купување на домашна, свежа храна од познато национално потекло која е одгледана по еколошките стандарди и начела за производство на земјоделски производи и производи од животинско потекло. Практично визијата се темели на продолжување на предностите на традиционалниот начин на пазарење на просторот на пазарот низ вековните традиции и навики и тоа во хигиенски услови и инфраструктура. Потоа предимство е и брзата наплата на продадените производи, здравата разнолика и пресна понуда, а индиректно позитивно економско влијание кон руралните и традиционалните земјоделци.
Во наредниот период се предвидени реновирање на старите дуќани околу текстилниот пазар за создавање на квалитетна понуда на деловен простор на овој дел од пазарот со што би се зголемиле приходите. Индиректно би се зголемила вредноста на капиталот на претпријатието и локалната самоуправа и би се поттикнало самовработувањето и претприемништвото. Се планира организирање на посебен дел од пазарот за понуда на сертифицирани производи на органска храна.
Ќе се подготвува проект за производство на електрична енергија со фотоволтаици за сопствени потреби на пазарот, а и за потребите на локалната самоуправа. Вишокот на енергија може да се насочи за јавното осветлување во градот. Со тоа ќе се зголеми рентабилноста и економичноста на работењето и ќе се заштедат јавните ресурси кои можат да се насочат во други проекти и цели. Но, и да се продолжи работното време на пазарот во вечерните часови. Се очекува следниве години светилките да се заменат со штедливи за да паднат и трошоците за електрична енергија, особено со тенденцијата на раст на цените. Паралелно, планирано е реновирање на просториите на управната зграда од околу 100 м2. Во наредниот период ќе се подготви проект за цветен пазар и продавачите и одгледувачите на цвеќиња ќе најдат свое катче. Се очекува и подготовка на проект за организирање на продажба на занаетчиско – слаткарски производи од традиционален карактер. Со лоцирање на работилници и продавници ќе се збогати понудата.
![]()

