ЦИА ОТКРИЛА БЕРИЛИУМОТ ПОД МАРКУКУЛЕ

Американската Централна разузнавачка агенција, ЦИА, неодамна објави илјадници тајни документи за Македонија и Југославија во кои стои дека уште во 1950 година агентите на своите претпоставени им пренесле информации дека во Македонија кај Прилеп има огромни наоѓалишта на минерали во кои може да се најде берилиум, еден од најретките хемиски елементи, односно најскапоцениот метал во светот.

ЦИА укажала дека југословенските власти, односно научници воопшто не знаеле дека поради неговите својства, берлиумот може да се употребува во нуклеарната индустрија.

Американските научници во списанија укажувале дека југословенските власти треба да го бараат берилиумот во минералот пегматит во карпестите предели во близина на Прилеп.

Берилиумот е еден  од најретките метали. Физичките и механичките својства се погодни за користење во многу индустрии. Особено за нуклеарната и аерокосмичката индустрија, телекомуникациската опрема, бидејќи металот е многу лесен и се употребува при изработката на вселенски летала, проектили и сателити. Споен со бакар и никел, точката на топење е 1.287 степени Целзиусови, поради што се користи во нуклеарните реактори.

Loading