ТРОЈЦА ВЛАДИЦИ ЌЕ ПЕАТ НА СВЕТИ ТРИ СВЕТИТЕЛИ

Bakalite go pokanija   gradonacalnikot Risteski za patroniot praznik

Тројца владици ќе ја држат  божествена литургија во црквата Свето Благовештение на 12 февруари кога православните христијани го одбележуваат празникот “Свети три Светители”. Овој ден е патрон празник на бакалскиот еснаф од 1954 година. И годинава ќе продолжи традицијата.

Бакалите ја посетија Општината и го поканија градоначалникот Марјан Ристески да присуствува на одбележувањето на патрониот празник. Овој еснаф е најголемо здружение во градов. Ристески на сите бакали им посака здравје, успех и среќа и понатаму да се собираат и да ја продолжуваат традицијата.

Години наназад, редовен гостин е г.г. Стефан. По црковното празнување на 12 февруари, за 19 февруари бакалите го закажаа  ручекот  во манастирот Света Петка во селото Лениште.

Лани, градоначалникот Ристески беше домаќин на празнувањето, а годинава е фирмата „Шопе комерц”. 

Loading