ПРИЛЕП ВО БРИТАНСКО СПИСАНИЕ

Prilep na stranicite na svetski   spisanija

Познатото списание „Клајмбер“ го рангираше Прилеп како светска дестинација за качувачи на карпи – болдеринг.

Британскиот двомесечник „Climber“објави текст во кој го промовира Прилеп како источноевропска топ болдер дестинација за сите љубители на адреналинот и искачувањето по карпи. Градот под Марковите кули стана центар за развој на екстремните спортови на Балканот и алтернативниот туризам во последниве години, благодарение на големите напори на локалната самоуправа, како и на Спортско качувачкиот клуб „Златоврв”.

Уникатните карпи од вулканско потекло, особено на локалитетите „Камена Баба”, „Маркови кули” и „Трескавец” се едни од најинтересните и единствени за љубителите на болдерингот од целиот свет.

Прилеп е хит дестинација за развој на екстремните спортови  како параглајдингот, планинското трчање, планинскиот велосипедизам, мото крос трките …

Претходно Прилеп беше промовиран како атрактивна дестинација за болдеринг и во француското списание за искачување „Гримпер”, како и во „Ле Алпи”, списанието кое го издава клубот за алпинизам на Швајцарија.

Компанијата за спортска опрема „Адидас” ги одбра Марковите кули како место за снимање на свој рекламен спорт.

Loading