ИСЧЕКУВАЊЕ НА ДАТУМ

Ракомет жени

Многу скоро од канцеларијата на Ракометната федерација треба да излезат со утврден датум за старт на пролетниот дел од првенството во Супер лигата за жени, така што во екипата на Прилеп се во исчекување со цел да направат што попрецизен план за подготовките. Тренерот Рубин Богојески најави дека деновиве ќе почне со тренинзите, откако имаше тринеделен одмор. Во клубот се мошне задоволни што добиваат поддршка за чекорење напред на табелата, особено од спонзорот Витаминка. Доколку РФМ побара и добие од ЕХФ уште едно место за евро-куповите, прилепскиот тим со задржување на пласманот ќе игра во европскиот куп Челенџ.

Целиот играчки кадар од есеноска останува, а можно е и ново име во редовите на Прилеп.

Loading