БИЗНИСМЕНСКА ШИРОКОГРАДОСТ

Rakata sto dava ne se susi - Vlado Gligoroski

Старите рекле: Таа рака што дава – не се суши, затоа што на направената милост Бог враќа со добро и благодет. Голема широкоградост покажува и фирмата “Владо Компани”. На здружението на лица со посебни потреби “Порака” им врачија технички музички уред да им користи во клубот. Не само што донираат за здруженијата, туку го финансираа и подигањето на големиот крст над селото Новоселани.

“Владо Компани” е меѓу фирмите кои не се грижат само за профитот и нагорниот од на бизнисот, туку покажуваат и грижа за заедницата, за општествените случувања во средината во која делуваат.

Со цел да се мотивираат компаниите да помагаат и финансираат во манифестациите, во општествените случувања и спортските активности, Локалната самоуправа иницира воведување на награда за општествено одговорна компанија. 

Loading