СЕМИНАР СО БЕЛГИЕЦ

Џудо

Прилепските тренери и судии редовно учествуваат на стручните џудо – семинари, организирани од Џудо федерацијата на Македонија. Последниот беше во Кавадарци, каде како гостин присуствуваше Габриел Сапта од Белгија, џудо – експерт од шести степен, додека Федерацијата ја застапуваше Томе Јосифовски, претседателот на Судиската комисија. Целта на семинарот беше запознавање и усогласување на новите правила. Се состоеше од два дела: теоретски (предавања и разгледување на видео – материјал) и практичен (изведба на татамите на сите учесници).

Семинарот беше поддржан од Македонскиот олимписки комитет и Интернационалната џудо федерација.

Loading