Одбојка
За пролетните предизвици интензивно се подготвуваат одбојкарките на ЖОК 11 Октомври. Екипата која со две есенски победи се пласира во втората фаза меѓу 10 најдобри македонски младински екипи, во тренажен процес е веќе 12 дена. Подготовките се на кондициски план во вежбалница. Се работи наизменично – еден ден се крева товар, наредниот се вежба аеробик. Од сабота, 15 одбојкарки се преселуваат во одбојкарската сала, каде ќе се работи за добивање сила, експлозивност, скок… Планирани се неколку пријателски мечеви со силни екипи, дури и суперлигаши од Струмица и Скопје.
Првенството продолжува во февруари.