РИКАЛОСКИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ

Пинг – понг

Пингпонгарската федерација на Македонија, на своето вонредно собрание во Скопје, избра раководство од 11 члена. Мандатот е за наредните четири години. На местото потпретседател на Управниот одбор избран е Златко Рикалоски, тренерот на суперлигашот Младост 96. Претседател и натаму останува Јован Дабевски, сопственикот на фирмата Здравје Радово. Главна цел на активностите е омасовувањето на овој спорт и зајакнувањето на Федерацијата.

Моментно е пауза во првенството од Супер лигата, а стартот на пролетниот дел би требало да се случи во почетокот на март.

Loading