ПОНЕДЕЛНИЧКИ СТАРТ

Ракомет

Одморот за ракометарите од суперлигашот Прилеп ги брои последните денови, така што време е да стартуваат подготовките за пролетниот дел од првенството. Има предлог првиот собир и тренинг да бидат в понеделник, 23 јануари. По разделбата со Томче Петрески тренерското место совреме ќе биде пополнето, а за разлика од минатите сезони, сега низ кулоарите се зборува дека предност ќе има домашен стручен кадар. За сите актуелности и новости од клубот ќе се произнесат на првиот собир. Во поглед на играчкиот кадар, се очекува да продолжи процесот на подмладување и на тој начин давање уште поголема минутажа на младите.

Првенството ќе стартува на 4 март, дома со Вардар јуниор.

Loading