Жени
Женскиот тим на Прилеп по одличното меѓународно претставување преку второто место на турнирот во Аминдио, Грција, го привршува одморот. Нареднава недела ќе има прозивка од страна на тренерот Рубин Богојески, на која е можно да се појави нова ракометарка. Се зборува дека ќе биде засилување за деснокрилната позиција. Очигледно дека во клубот сé се движи во нагорна линија – на играчки и на организациски план, а тоа е очекувано со оглед на можноста за меѓународно претставување во еден од европските купови. Тоа ќе се обезбеди со пласманот на четвртото место, кое моментно го има екипата во Супер лигата.
Првенството треба да продолжи во март.
![]()

