ДЕНИЦИЈА ДОЈДЕ НА МОЈОТ ПАТ

Актерката Димитрина Мицкоска оживеа  хероина на Петре М Андреевски во Охрид

Dimitrina Mickoska pred golem   teatarski predizvik

Во Центарот за култура во Охрид премиерно беше изведена драмската презентација на историската поема Дениција на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски, во режија на Константин Плевнеш, Праизведбата беше по повод 10 годишнината од смртта на Петре М. Андреевски, која режисерот театарски ја отсонува во вид на коктел од љубов – единствениот клуч на сите револуции. Ксмет да ја одигра улогата на Дениција и падна на нашата млада актерка Димитрина Мицкоска, која вели дека била голем  вљубеник во поезијата на Андреевски уште од моментот кога за прв пат ја прочитала.

-. Во основното и средното училиште на манифестации во кои сум учествувала, било тоа да се смотри или натпревари и слично, секогаш сум избирала стихови од поезијата на Петре, особено од  Дениција. Подоцна на приемните на Драмски факултет во делот за изборна песна што требаше да ја спремиме ја имав Умилкување, повторно од Дениција. И кога Константин ме викна да ја играм Дениција, немаше место за двоумење или сомнеж. Влетав со огромна желба и љубов и силно верував дека крајниот резултат ќе биде нешто убаво. И што е најинтересно. Со опцијата на фејсбук можеш да видиш што си објавил пред години. На одреден ден видов дека точно пред шест години во декември, малку после датумот на премиерата сум споделила стихови што сега ги кажувам во омилената сцена во претставата Дениција… Затоа ништо не е случајно, дека има причина и дека она во што веруваме и силно го сакаме  ќе дојде на нашиот пат. Така Дениција дојде на мојот пат и ми ја донесе првата главна улога во мојата актерска кариера – вели Мицкоска.

Таа посочува дека колку што била среќна што е дел од претставата толку била исплашена од процесот на подготовка.

-Се прашував  дали ќе биде се во ред, дали стиховите кои нема човек кому не му се допаднале, ќе ги пренесеме доволно достојно за нивната големина, дали ќе бидам добра партнерка на актер кој е веќе докажан и успешен долго на театарската сцена, дали направивме добра поврзаност на стиховите (зашто тоа се сепак песни, а ние требаше да направиме дијалози и сцени), дали ќе бидам добра Дениција. Сите внесовме полно дарба, енергија и љубов, и успеавме од предизвикот да ги издвоиме најубавите стихови кои треба да се чуени и повторувани. Направивме сцени, ставајќи ги Петре и Дениција во различни ситуации, притоа користејќи ги само стиховите. Во процесот сменивме безброј концепти, почнувавме еден, па се откажувавме наоѓајќи подобар, па и од тој се откажувавме, па од трет итн… Сé со цел да го избереме соодветното светло на Петре и Дениција. И на крајот, со голем труд,  од поезијата, добивме една љубовна претстава која трае нецел саат, а во која верувам дека уживаат посетителите додека ја следат како што уживаат актерите додека ја играат. Барајќи ја Дениција, ја пронајдов среќата, пријатели, насмевки, инспирација… – потенцира актерката Мицкоска.

Loading