ОД РАЦЕ ИЗБЕГА ПЕХАРОТ

Жени

Женскиот ракометен тим на Прилеп гостуваше во Аминдио, Грција,на дводневен турнир. Програмата беше збиена, така што за околу 24 часа се одиграа три меча. Првиот ден, претпладнето беше постигната победа од 25-24 со фаворитот Панорама од Солун. Вистински подвиг, со оглед на ослабениот состав без најискусните Митревска, Аџулеска, Јованоска, Ѓорѓиоска и Крстевска. Се покажаа младите, предводени од голманките Дурланова и Богеска. Истиот ден, попладнето, се одигра вториот дуел со изборено реми (29-29) против домашната Филота. Вториот ден, претпладнето, дојде и третиот меч со најслабиот ривал, Птоломаида. Се очекуваше сигурна победа за составот на Рубин Богојески, но заморот го стори своето и наместо да се задржи водството, на крајот беше доживеан минимален пораз (32-31). Пехарот побегна од раце, а победник на турнирот е Панорама.

Од ЖРК Прилеп искажуваат задоволство што ќе добиваат подршка од општествено одговорната компанија Витаминка.

Loading