За пет дена се продолжува зимскиот распуст за учениците

Пет дена повеќеше имаат учениците, бидејќи се продолжува зимскиот распуст. Наместо на 18 јануари, распустот ќе трае до 23 јануари. Оваа одлука ја донесе комисијата за заразни болести.
Главно продолжениот зимски одмор е поради грипот. Одлуката за ваков чекор е и поради ниските температури и потребата да се заштедат нафта и дрва за греење. Некои од училиштата се соочуваат и со други проблеми како што се дефекти во водоводната мрежа. Но, дел од децата ќе ги искористат деновите, освен за читање лектири и за санкање и скијање со очекуваниот раст на температурите и зголемените можности за забава со снешко, ,,бој,, со снежни топки и други зимски лудории.
-Мерката е повеќе од потребна, имајќи ја предвид тенденцијата на намалување на заболени од грип од нула до 14 години во време на распустот – изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Секојдневно ќе се врши и темелна дезинфекција на организираниот јавен сообраќај во државата. Пред стартот на второто полугодие ќе се изврши и темелна дезинфекција на сите училишта.
Одлагање на почетокот на второто полугодие побараа некои директори од основни и средни училишта во земјава.
![]()

