КАСАРНАТА ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНАТОТ

Stroj na ucenicte i vojnicite

Во касарната „Мирче Ацев“ се  одбележа патрониот празник и 74 годишнината од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев. Свежо цвеќе пред бистата на херојот, положија делегација од Првата механизирана пешадиска бригада, предводена од бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, делегација од артилерискиот баталјон предводена од потполковник Ивица Цветковски, делегација од општина Прилеп и од Сојузот на борците. За животот и делот на Мирче Ацев говореше историчарот Рубинчо Белчевски.   

Културно уметничката програма ја збогатија со својот настап учениците од Гимназијата и играорците од  КУД „Мирче Ацев”Прилеп.

За патронатот беше поставена и изложба на опрема и вооружување со кои располага единицата.

Loading