ФРЛАЊЕ НА СВЕТИОТ КРСТ

На 19 јануари

В четврток, на 19 јануари во 12 часот во водите во базенот од ресторанот Сонце ќе се фрла светиот крст. Од година во година, расте  масовноста кога во студените води скокаат и по 60-70 верници, меѓу кои има и момчиња и девојчиња.

Вообичаено има и богојавленски ручек.

Во спомен на Христовото крштевање, црквата го воспоставила празникот Крштевање на Господ Исус Христос, односно Богојавление – Водици. При крштевањето се јавиле пресвети Тројца: Богот Татко од небото зборувал за Синот кој се крстил: Синот Божји се крсти од Јован, чин што го видел Богот Татко, а Светиот Дух од висините слетал како гулаб, потврдувајќи го гласот на Таткото.

Се верува дека Богојавление е празник на многубожниот Бог, кој ги исполнува желбите на луѓето кои му се обраќале при отворањето на небото. Водите за миг престанувале да течат и биле лековити. Крстената вода добива моќ и на тој ден се благословува: “Како што помина овој чесен крст, годината да е чесна и бериќетна, како што капи капка вода, така да капи сребро и злато и да се роди бериќет”.

Loading