НА ТУРНИР ВО ГРЦИЈА

Ракомет

Женскиот тим на Прилеп и по завршувањето на есенскиот дел од Супер лигата, каде го освои четвртото место, не престанува со активностите. Веќе на 3 и 4 јануари е учеството на меѓународен турнир во Аминдио, Грција, каде противници, покрај домашната Филота, се Панорама од Солун и Птоломаида. Ова е убава можност за проверка на можностите и продолжување на соработката со клубовите од соседната земја. Веднаш по враќањето тренерот Рубин Богојески ќе одреди двонеделен одмор.

Машкиот тим на Прилеп веќе е на одмор од денот кога се одигра последното есенско коло во Супер лигата, каде го зазеде петтото место, а се очекува до следниот собир по празниците да биде најдено решение за нов тренер на местото од Томче Петрески.

Loading