МОТОРЏИИТЕ КАЈ ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Motordzii i deca

Со ќеси полни со подароци и моторите паркирани пред дневниот центар за згрижување на деца со посебни потреби Ѕуница дојдоа десетина моторџии да ја демонстрираат хуманоста и да го поделат чувството за грижа со најмалите. Повеќе од еден час им ги доловуваа задоволствата на возењето на ,,бесните,, машини. Им ветија на децата дека со подобрување на временските прилики, внимателно ќе ги повозат низ улиците да ги вкусат убавините на ветерот и развиорените коси.          

И градоначалникот Марјан Ристески традиционално се дружеше и ги даруваше децата со посебни потреби во дневниот центар, но и со учениците од специјалното одделение во ОУ “Климент Охридски“.

Loading