УБИЛЕ СРНА

Полицијата од Македонски Брод ги сомничи Т.М. (26), Т.В.(27), Т.К.(29), Т.Н.(25) од Прилеп, А.М.(51), Т.В. (51) од Македонски Брод и К.Љ. (60) од Скопје за незаконит лов.

Од извршената контрола на патничко возило Лада Нива, кај селото Калуѓерец, Македонски Брод, во багажниот простор пронајдени се два ранци со месо од сомнително потекло, кое од извршеното вештачење е потврдено дека потекнува од заштитено диво животно, срна. При контрола, пријавениот Т.М., побегнал.

Полицијата ја извршила контролата со чувар од друштвото Песјак со цел откривање на сторители на кривични дела, прекршоци од законот за ловство и законот за оружје.

Loading