ШЕСТМИНА НОВИ СЕ ГАРАНЦИЈА ЗА ОПСТАНОК НА ПОБЕДА

Фудбал: Зоран Штерјовски, шеф на Стручниот штаб

Примарен е опстанокот, а секој погорен пласман е добредојден

Proletta ke bide podobra od esenta-   Zoran SterjovskiОткако седна на клупата од Победа, ја водеше на 14 меча. На 11 првенствени постигна две победи, четири нерешени и пет порази. На три куп-меча имаше по една победа, реми и пораз. Резултатите се скромни со пласман на осмото место од прволигашката табела. Клубот верува и веќе се гради заедничката стратегија за напролет. Последниот меч се случи највисокиот пораз со 3-0 во Штип?

Реванш куп-мечот со Брегалница?

– Со оглед на настаните на натпреварот, резултатот е многу висок. Имавме многу повредени играчи. Не играше скоро 60-70 отсто од првиот тим. Добија шанси младите. Најдовски го ослободивме од оправдани причини, Шаркоски се повреди…

Играта?

– Пак примивме евтин гол по центаршут од 30 метри, при што Манчевски слабо реагираше. Попусто имавме 65 отсто од поседот на топката и на 0-0 неколку шанси. После 1-0 кога напаѓавме и целосно се отворивме примивме уште два гола.

Тука заврши сезоната, а вие уште трениравте?

– Не само што трениравме, туку имавме и ја анализиравме полусезоната на екипата и секој играч поединечно.

Претстоиодмор?

– Одморот е кус, но добредојден е за играчите кои беа доста уморни низ натпреварите среда – недела – среда. Ростерот беше мошне ,,тенок”. Некои играчи се повредија. Сега е можност да се опорават и да се вратат во ритам со програма што ја одредивме.

Планирате добри подготовки?

– Тоа недостасуваше. Не бевме физички добро подготвени на изминатите натпревари и според тоа, овие подготовки ќе бидат клучни  да се подигне тоа ниво. Очекувам да немаме такви проблеми напролет.

Забранивте мал фудбал?

– Да, строго забрането е играње на турнир. Забраната е само за турнир, а меѓу себе ако играат дозволено е.

Планирате засилувања?

– Двајца веќе пристапија: Бразилецот Рамон и Србинот Војводиќ. Првиот е напаѓач, вториот офанзивен за врска. Србинот го гледав, а Бразилецот играл во Хрватска и потоа потпиша.

Уште колку нови очекувате?

– Четворица. Потребен е голман, крилен напаѓач, во средина и доколку дојде уште некој во последната линија. Практично, во сите линии.

Се разделивте со шестмина?

– Моравме да го растовариме буџетот, кој е целосно зафатен. Ако не отпуштиш, не можеш да земеш.

Зошто Манчевски, Мегленски, Дунимаглоски, Здравески, Спиркоски и Трајкоски?

– Сите имаа шанси да докажат дека треба да останат во клубот. Не се вклопија. Манчевски слабо одбрани. Искусен голман, но потфрли на некои натпревари. А најплатен играч е во екипата. И останатите не го дадоа она што се очекуваше.

Завршивте на осмо место. Како гледате на пролетниот дел?

– Примарно е обезбедувањето на опстанокот. Со играчите што ќе ги доведеме и со добри подготовки очекувам сигурно да опстанеме. Ако ни се даде шанса, ќе се бориме и за повисок пласман.

Понуда од Турција

Планирате тренинзи надвор од Прилеп?

– Имаме понуди за Турција. Ги разгледуваме најдобрите. Турција е одличен избор за подготовки, каде има и одлични услови и квалитетни противници за пријателски натпревари. Алтернатива е Охрид. Цената е речиси иста за Анталија и Охрид. Ќе видиме која е најдобрата опција.

Loading