НОКАУТ – МЕЧЕВИ

Турнир „Свети Никола

Ekipata na Avtokontrol -   Veterani

Турнирот во мал фудбал „Свети Никола“ вклегува во фазата која е најпривлечна за публиката. Тоа се нокаут – натпреварите, каде поразот значи елиминација. За в сабота и в недела најавени се осминафиналните натпревари во кои ќе има ,,требење” меѓу досега најдобрите. На вакви дуели и фаворитите се ,,тресат”, оти се случуваат изненадувања. Потоа се четвртфиналните, полуфиналните и на 28 декември малото и големото финале за победник на турнирот. Сигурно дека Универзалната сала ќе биде исполнета до последното место.

Со секоја купена влезница од 21 до 28  декември гледачите учествуваат во наградната игра во која секој ден се влечат по три награди, а сите влезници учествуваат за добивање на главната награда – ЛЕД ТЕЛЕВИЗОР за која извлекувањето ќе биде на 28.12.2016 година

Loading