„ГРАНИТНА“ ОДБРАНА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

Ракомет

Napredok od mec vo mec - ekipata na   Prilep

Женскиот тим на Прилеп со триумф го заврши есенскиот дел од суперлигашката сезона. Во Свети Николе составот на Рубин Богојески успеа со 17-19 да го совлада домашниот тим на Овче Поле СУ. Нема дилеми дека пресуди ,,гранитната” одбрана, предводена од голманките Дурланова и Богеска. Во нападот се покажаа доволни 19 голови. Меѓу стрелците се запишаа четири ракометарки: Саздова со 10, Ѓорѓиоска 7, Јованоска и Аџулеска по 1. Ова беше петтата есенска победа, а со новите три бода обезбедено е четвртото место од табелата. Следи зимска пауза и одмор, а за напролет овој тим има изгледи барем да се доближи до третопласираното Куманово.

Табела: Металург 36, Вардар 30, Куманово 24, Прилеп 15, Гевгелија 9, Овче Поле и Пелистер по 6.

Петрески повеќе не е тренер

Машкиот тим на Прилеп, по последниот пораз дома (24-28) од Радовиш, заврши на петтото место со 20 бода, под Пелистер со 34, Охрид 31, Работник 28 и Борец со 23 бода. По ова клубот и тренерот Томче Петрески се разделија. Најавено е дека решение околу тоа кој ќе го наследи ќе биде донесено по Нова година.

Loading