ПЕХАР ОД ШОРОВ

Борење

Речиси секој викенд со успешни настапи не радуваат борачите од 7 Мај Леов. Така беше и на турнирот ,,Штипски борачки асови” каде имаше силна конкуренција на 116 учесници од Македонија, Косово и Бугарија. Осуммината прилепчани оставија печат во петте возрасни категории. Особено се истакнаа помладите. Во групата до 15 години Стефан Стојаноски освои трето место на очиглед на стручњаците, кои пофално се изразија, како Шабан Трстена. Идентичен успех, трето место, имаше Петар Насески, кој загуби во полуфиналето од балкански првак. И овојпат клупскиот образ најмногу го осветли Барбара Стојкоска преку две убедливи победи со туш, а пехарот го доби од рацете на легендарниот Зоран Шоров.

Ставена е точка на сезоната, а следниот собир е на 3 јануари.

Loading