АКТИВНИ 11 ШАХОВСКИ КЛУБОВИ

Историја

Пролетта 1977 година беше формиран Општинскиот шаховски сојуз што придонесе за експанзија на овој спорт. За пет – шест месеци бројката на клубови беше зголемена безмалку шесткратно. На дотогаш Тутунски комбинат и Металец, членови на Републичката лига, се додадоа уште девет нови: Билјана, 11 Октомври, Микрон, Пролетер, МЗ Ѓогдере, ОУ Гоце Делчев, Кривогаштани, Бела Црква и Обршани. Секој клуб имаше по 50-60 члена од сите возрасти, што значи дека околу 600 шахисти организирано се занимаваа со ,,древната игра”. Во најава беше отворање на Шаховска школа за обука на младите категории.

Планот на Сојузот предвидуваше организирање натпревари во училиштата под наслов ,,Шах во школите”, акција придружувана со предавања и симултанки.

Loading