КРАЈ НА СЕЗОНАТА

Џудо

Во салата на СОУ „Ричко“ се одржа Државно екипно првенство за сениорки и сениори во џудо, во организација на ЏК Сеишин со Џудо федерацијата на Македонија. Во машка конкуренција првото место го освои домашниот тим на Сеишин, втор е Пролетер, а трет Миоки. Во женска конкуренција екипа пријави само Миоки, така што стана шампион без борба. Првопласираните во двете категории добија пехари. Со ова заврши официјалниот дел од сезоната во џудо спортот. Останува сумирањето на резултатите од ЏФМ.

Loading