ЈУ-РЕПРЕЗЕНТАТИВКИ ВО УНИВЕРЗАЛНА

Историја

Некогаш беше доживување во градов да гостува некоја репрезентација на Југославија. Од 6 до 12 јули 1977 година дел од подготовките ги реализираше Женската јуниорска репрезентација. Тоа беа финални подготовки за Балканскиот шампионат во Солун, Грција. Во Универзалната сала се одржуваа секојдневни тренинзи, а се одигра и еден пријателски натпревар. Репрезентацијата со 3-0 славеше победа над второлигашот 11 Октомври. Натпреварот го следеа 1.500 гледачи.

Loading