СВЕТЛА ТОЧКА – ШАРКОСКИ

Фудбал

Скромниот пласман на 8 место од прволигашката табела не ја наруши атмосферата во таборот на Победа. Тоа се виде низ работата, активностите и по завршувањето на есенскиот дел од првенството. Тренинзи беа одржувани до саботата, а на крајот имаше анкета со која се избираше најдобриот фудбалер за 2016. Гласаа 25 фудбалери, четворица тренери и претседателот Гоце Ингилизов. Најмногу гласови – 11 доби Николче Шаркоски. Тој е најсветлата точка на тимот. Понатаму следат: Најдовски, Ј. Наумоски, Крстески – Димитриоски – Дунимаглоски, Карчески – Мегленски – Колевски – Ристевски.

Одморот е до 8 јануари, а дотогаш очекувањата за засилувања.

Беа споменати можни засилувања од Србија и од Бразил, а во градов веќе престојуваше напаѓачот Тиаго.

Во меѓувреме се ослободени од обврски кон клубот. Манчевски, Мегленски, Спиркоски, Дунимаглоски, Здравески и Х. Трајкоски. 

Loading