СЕ ОТВОРААТ ИЛЈАДНИЦИ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

Нов бран на старнски инвестиции

– Американци, Германци, Грци градат во Алинци, Барбарас и Крушево    

Proekcija na novata hala na Seke vo Krusevo    

Во технолошко – индустриската развојна зона Алинци  наскоро ќе никне уште еден објект на американската компанија Гентерм. Наместо иницијалниот план за изградба на полниот капацитет на фабриката до крај на 2018 година, компанијата одлучи да го заврши целиот проект до крајот на 2017 година. Според соопштението на Гентерм Македонија, менаџментот на компанијата одлучил проширувањето на постојниот капацитет да го започне на пролет в година. Новото проширување ќе го зголеми капацитетот за 12.000 м2. Тоа ќе придонесе компанијата да го достигне полниот капацитет од вкупно 22.000 м2. на компанијата  да се зокружи целиот проект до крајот на 2017 и почетокот на 2018 година.

Инаку во Гентерм веќе работат 600 работници, а со проширувањето се очекува да се ангажираат 2000 луѓе. И германската компанија Акомпласт  финишира со градбата на својата фабрика во Алинци. Таму ќе се ангажираат 250 лица.  На пролет се очекува да се активира уште една странска инвестиција. Темел за хала од 1000 м2 ќе стави германската реномирана фирма за производство на апарати за домаќинство, ВИГ. Таа е проектирана да се заврши до крајот на идната година. Германците планираат да ангажираат 1000 нови вработувања. Глобалната компанија со погони во Кина и Индонезија ќе изработува апарати за домаќинството за извоз на европскиот пазар.

Во индустриската зона Прилеп 1 – Металец, продадени се сите локации. Изградени се 5 објекти кои започнуваат со производство, а другите се во тек на градба. Само во зоната Металец ќе се вработат 2000 лица. Во индустриската зона Прилеп 2 веќе се продадени 5 парцели, а уште 7 ќе се понудат на продажба со што ќе се обезбедат услови за вработување на уште 1000 лица.

И кај соседните општини се активираат инвестиции. Во индустриската зона во Крушево, грчката компанија за откуп на тутун, Секе, инвестира во погон за преработка на тутун. Компанијата веќе купи земјиште во зоната и привршуваат со проектите. До крајот на март ќе почне градбата, при што ќе инвестираат пет милиони евра. Со финализирање на бизнис планот ќе се обезбедат 300 работни места за да се откупуваат годишно повеќе од 4000 тони тутун. Оваа инвестиција е значајна за поддршка на тутунарите за повисоки цени и сигурен пласман. Паралелно ќе  се отвори можност за заживување и економски развој на Крушево и на прилепскиот регион.

На превојот Барбарас, на патот Прилеп – Македонски Брод, Американци ќе градат фабрика за оружје, муниција и опрема. Компанјата Броудстоун Дифенс официјално го означи почетокот на инвестицијата вредна пет милиони долари. На 10 хектари е предвидено да има пет хали за производство, една административна зграда и дел за складирање. Реализацијата на проектот треба да заврши до крајот на мај идната година кога ќе стартува и тест­производството, а редовното производство се очекува од јули 2017. Вработени ќе бидат повеќе од 200 лица.

Броудстоун Дифенс разгледувала повеќе локации за фабриката, но според основачот Денис Прат, ја одбрала Македонија поради одличната геостратешка положба и поволната бизнис клима.

Бенефит за Македонија е што компанијата ќе трансферира најсовремена технологија од каде американската војска и земјите членки на НАТО ќе се снабдуваат со муниција и лично наоружување. Македонија ќе добие најсовремен производствен погон за муниција и лично наоружување според стандардите на НАТО. Проект ќе го финансираат САД и со него ќе има производител за муниција на територијата на Македонија. Дел од производството ќе го користи и АРМ, ако се покаже дека за тоа има потреба.

Фабриката за муниција е прва од неколкуте проекти што Броудстоун Дифенс ги планира во Македонија.

Американците веќе имаат договори за извоз во следните неколку години.

Loading