ДОЛНА ОБЛЕКА ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ

Диде сикрет

Em moderno em so  solidna cena

Маици, гаќи, градници, боксерки Ломо, стреч маици хулахопки, во последно време и тренерки, дуксерки, кадифени пижами, па и шалчиња и капчиња, а лете и гаќи за капење за сите возрасти. Застанува здивот, очите радосно се смеат од богатата палета на бутикот за долна облека Диди Сикрет на Боби Талески. Со поддршка на родителите, заедно со неговата сестра, пред шест седум месеци, се охрабриле и отвориле продажен салон за долна облека во близина на гимназијата. Младиот Талески вели дека во битката за работа ја прифатил идејата на сестра му. Веќе ги чувствува ефектите преку сé побројните муштерии. Оценува дека не згрешил, туку дека направиле полн погодок. Зашто, на долната облека не и минува модата, не се расипува, освен што се аби со подолготрајното користење и перење. Во бутикот се нудат висококвалитетни производи, чиј рок на трајност е многукратно подолг. Некогашните маици и гаќи се литеа по неколку перења, а сегашните имаат такаречи неограночена можност за користење.

Напорните ангажмани на давање сé од себе да се разработи дуќан потврдуваат дека не биле без фајде. Напротив, стекнува искуство и се доблжува со искусните во браншата, иако е новајлија во оваа дејност. Тоа е и сведоштво дека се успева со трудољубивост и верба, пливајќи во непознати води речиси рамноправно со многугодишните конкуренти.

– Луѓето сé повеќе водат сметка не само на тоа што го носат на видливиот дел од телото, туку на покриениот. Ако некогаш не било важно со што е покриена интимата, освен да ги задоволува потребите, денес долната облека е и мода и стил на облекување. Сé повеќе со обрнува внимание на боите, дизјанот, избалансирани со квалитетот. Тргнувајќи од развојот на менталитетот и сé помасовното прифаќање на западната култура, нудиме богатство од креации на долна облека за млади, возрасни, за деца водејќи сметка и за класичните модели. Претендираме да имаме на располагање програма за сечиј вкус. И цените се прилагодени за секој џеп. Понудата ја одбираме од специјализирани големопродажни куќи на долна облека од Солун, која не е кинеска, туку е главно европска и нешто од домашните производители. И материјалите се исклучително погодни, растегливи и меки да ја галат кожата, без доминација на вештачките. Преовладуваат природните материјали и мешавините кои се припиваат и легнуваат на релјефот на телото, предизвикувајќи чувство на комоција – објаснува Талески.

Bogata  ponuda na dolna obleka

Младиот сопственик се носи со идеја постепено и внимателно да го збогатува асортиманот и да го открива и погодува вкусот и на префинетите муштерии. Едноставно, муштеријата да одлучи кога ќе влезе во дуќанот и секако да замине барем со едно парче од раскошната понуда. Иднината  на фирмата ќе ја гради чекор по чекор, без нагли промени со тенденција со специјализација и расплинување во некои други домени Размислува за внесување на брендови како Келвин Клајн со подлабоко запознавање пазарот и на деловните партнери. 

Loading