НА 11 ДЕКЕМВРИ ЌЕ ПОБЕДИ МАКЕДОНИЈА

Завршен митинг на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во Прилеп

– Масовно референдумско излегување в недела и 63 пратнички места во парламентот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – порачува Груевски.

Gruevski megu prilepcani

ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” вечерва ќе го одржат завршниот митинг од предизборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат в недела. Од плоштадот “Методија Андонов – Ченто”, лидерот и носител на листата во четвртата изборна единица Никола Груевски уште еднаш ќе ги упати пораките дека народот ја сака Македонија. Граѓаните и симпатизерите ќе ги слушнат сите проекти за Прилеп низ обраќањата на кандидатите за пратеници Ане Лашкоска, Димитар Стевананџија и Гордана Тошеска, повикувајќи ги да гласаат за  број 1 бидејќи тоа е глас за Македонија која оди напред. Уште еднаш, како од сите градови ширум државава, така и од градот првоборец, градот на простумот и непокорот, членовите на владеачката партија и коалицијата, ќе потсетат за значењето на 11 декември на кој ќе победи Македонија.  

Во изминативе 20 дена, Груевски и кандидатите за пратеници низ средбите со граѓаните, на митинзите и ставовите изнесени на прес конференциите укажуваа дека на 11 декември ќе се стави крај на кризата, а народот ќе гласа за опцијата која нуди сувереност, унитарност, цврстина на Македонија и која економски ќе зајакнува.

– В недела, народот громогласно ќе даде поддршка на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата. На 11 декември ќе победи Македонија, ќе победат граѓаните кои две ипол години се лажени од страна на Зоран Заев и за фантомите и за сите манипулации. Масовно референдумско излегување на избори и казнување на сé она што СДСМ го прави. Народот ќе го казни за неговите намери да ја кантонизира Македонија. Победува Македонија, македонскиот народ, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите. Народот собира, трпи и на 11 декември ќе си го каже своето, за сите лаги што ги изнесе и потценувањето на народот. Ќе заврши оваа игра која некој му ја дал на Зоран Заев да ја изигра. Народот ќе им прати порака и на Заев и на сценаристите дека  народот одлучува кој ќе победи и кој ќе биде премиер. Значајно е не само да се победи, туку и да не се продолжи со кризата, потребни се 63 мандати кои ќе осигураат дека кризата нема да продолжи. Ова е политичка гарнитура која ги обединува сите, се бори за сите, се грижи за сите и се грижи за заедничките државни и национални интереси. Веќе е јасно, сé се разјасни, на народот му стана целосно јасно зошто ни го правеа ова во овие две ипол години. Кои биле целите, намерите. Најголемата грешка ја направија кога го потценија народот и  на крајот доволно ги отворија картите и на нивните поддржувачи да им е јасно – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ4 Никола Груевски на митинзите со граѓаните низ земјава.

Груевски истакнува дека народот како никогаш досега ќе ги казни СДСМ и Заев кои ќе го претрпат десетиот изборен пораз по ред.

– Зоран Заев мислеше дека народот нема капацитет да процени што значи за Македонија двојазичност на цела територија, промена на Уставот, рушење на рамките на Рамковниот договор. Тој одеше на карта дека луѓето не се толку политички образовани, но народот е многу попаметен од тоа тој што мисли. Кога виде колку е часот, почна да кажува дека не кажувал тоа што кажуваше, да вика дека нема да има промена Уставот. Нема бегање од тоа што го кажа и од откривање на целите. Ќе плати пред народот на избори, за целото малтретирање и манипулирање – посочи Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Груевски, граѓаните ќе гласаат за држава која ќе ги зголеми субвенциите, пензиите, социјалната помош, платите во јавен сектор, сите економски параметри. За држава која оди напред, во насока на членство во НАТО и ЕУ што е стратешка определба. Напред, во натамошно зајакнување на економијата, отворање на нови работни места.

– Не смее да се дозволи да се растури унитарноста во Република Македонија. Тешко е дојдено до оваа слобода, до оваа независност со многу жртви, со крупни напори, со многу откажувања, со многу падови и со многу нагорнини. Со голема мака и со многу жртви се дојде до ова што денес го имаме, парче земја, независна суверена. Затоа не смееме да дозволиме ризици во кои некој би си поигрувал или би експериментирал, порача Груевски.

Во следни четири години очекува отворање на нови 70.000 работни места во Македонија.

Гаранција за мирна држава се само 63 пратеници

– В недела следи уште една голема референдумска победа, победа за Република Македонија. Сите имавме еден тежок период и сценарио од страна на СДСМ, а сега веќе сé е јасно и не може да се справи со народот кој знае да расудува, народ кој знае да каже “НЕ” на сценариото на Заев. Сега веќе е јасно и сите знаеме дека тој направил договор и го потценил својот народ само за да дојде на власт. Но народот се освести, знае да процени кое е сценариото на Заев. А тоа е дека тој сака да ја промени уставноста, јазикот и државата. Заев бара, ако не победел на избори да продолжи кризата и, доколку не се освојат 63 пратеника, ДУИ и ДПА ќе сакаат да го предложат следниот премиер на Владата на Македонија. Гаранција за мирна држава се само 63 пратеници кои ги бараме.  Сакам да порачам на сите кои ќе излезат на гласање да си го постават прашањето дали може народот да му верува на тој, дали може тој да ја води нивната држава, затоа секој кој планира да гласа за Заев само нека помисли дали може на тој човек да му се потпре и да му верува. Овој народ нема да излезе на изборите со гнев и омраза, тој ќе излезе со гордост. Не се поддржува човек кој е трчи-лаж, човек кој се договара со секој за судбината на државата. Секој кој сака да гласа за СДСМ нека се потсети како владееја во нивното време, каков беше животот во тоа време. Оние кои уште размислуваат дали да гласаат за нив, нека се потсетат дали донесоа една инвестиција, дали инвестираа во економијата, што се случуваше со фабриките, што се случуваше со вработените граѓани. Мора да се потсетиме на тоа време за да знаеме какво било нивното време – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски. 

Loading