ПАДНАЛ ВО БУНАР И ПОЧИНАЛ

Шеесет и петгодишниот жител на селото Ерековци, Љ.С., починал на пат кон болницата, откако минал повеќе од 12 часа во камен ладна вода и измрзнал во полски бунар во близина на селото. Според полицијата, несреќниот маж излегол од дома во 18 часот, по што му се изгубила трага. Сопругата Д.С. со соседите се обидела да го најдат. Не успеале и околу 22 часот го пријавиле случајот. За жал, следното утро сопругата го пронашла домаќинот во бунарот  во нивата во близина на нивната куќа. Со роднините го извадиле од бунарот, но бил во безсвесна состојба, неконтактибилен, со слаби витални знаци и премрзнат, со повреди на главата и рацете и без знаци на насилство. Итната медицинска помош интервенирала, но малерозниот маж починал на пат кон болницата.

Loading