ЧЕСТВУВАЊЕ НА КЛИМЕНТОВОТО ДЕЛО

Pofalba na Svetiklimentovoto delo

По повод празникот Свети Климент Охридски – Чудотворец, во црквата Света Петка во Точила се одржа богослужба, а настапи и хорот кој го збогати празнувањето. Чествувањето на климентовото дело е заради тоа што тој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа и е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, тој станал заслужен не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет.

Loading