ОБЛЕЧЕНИ ПАЛМИ И ПОКРИЕНА ФОНТАНА

Koncervacija na fontanata

Комуналците ги заштитија сите палми во градот, „облекувајќи“ ги во зимска руба. Стручна фирма ја прекри со цирада фонтаната во центарот за да ја спаси инсталацијата од расипување и поголеми штети, поради претстојните ниски температури. Градските власти навреме интервенираат превентивно да се одржуваат украсите на градот во зимскиот период.

И лани палмите беа завиткани во топло најлонско руво до пролетните денови кога се разбудија, потврдувајќи дека со соодветно одржување оваа билка, карактеристична за тропските предели, може успешно да вирее на континенталните простори. И за одржувањето на градскиот воден декор нужна заштита од мразеви за заштеда во дополнителни трошоци за обновување на опремата на пумпите, млазниците, светилките…  

Palmite spremni za  zimska hibernacija

Loading