Во типската населба
Граѓаните добија нова фитнес зона на сто метри квадратни веднаш до стадионот со вештачка трева во типската населба. Опремата за одржување на ставата и за намалување на килограмите, па и за спортистите содрижи осум справи и е дел од спортскиот комплекс.
Рекреативниот простор е наменет за спортистите, за младите, но и за граѓаните кои сакаат да го одржат витото тело или да намалат од тежината.
Младите имат можност за практикување поздрав начин на живот, да побегнат малку од интернетот и пороците на денешнината.
– Локалната самоуправа вложува во правилниот психо-физички развој на генерациите – истакна Александар Јованоски од Општината.
Ова е втора фитнес зона по онаа на Паркот на Револуцијата.