ПРОСТОР „ПЕЧЕН“ ЗА НОВА ГРАДБА

Temeli kraj Domot na kultura

Педесетти години од минатиот век. Зјае празнина како тепсија, на местото каде сега е настаменет Домот на културата. Улицата се уште ја нема, но тука е еден од триаголниците со трева, кој биле карактеристика за тој период.

Правлив простор од скелињата и рамките на кои се суши миризливиот тутунот и малите куќички како кутии неправилно распоредени, даваат слика на сиромашен град. Само зеленилото во дворовите укажува на потребата на луѓето од природен спој.

Десно е зградата на киното Работнички и Синдикатот, а вишнее и црквата Свети “Кирил и Методиј” или Параклис. Се истегнал и Тутунскиот комбинат. Бдеат и Марковите Кули. 

Loading