НОВ ИЗБОР НА КНИГИ

Библиотека „Борка Талески“

Библиотеката „Борка Талески“ го збогатува фондот со набавка на најновите наслови и изданија на нова литература од реномираните издавачки куќи во Македонија. Од НУБ Св. Климент Охридски – Скопје добиена е донација  од нова литература од скоро сите жанрови со која на читателите им се нуди нов и побогат избор. В очи паѓаат насловите “КАЛЕ”, монографија за скопското кале од Драги Митревски, “Голтка восхит од солзите на вечноста” од Александар Русјаков, култниот роман на Пјер Бул – “Мостот на реката Квај”, “Анабаза”од Ксенофонт, “Лисистрата” од Аристофан, најновите изданија од Горјан Петревски, “Антички календари” од Лидија Ковачева, “На пат кон светото место” од Танас Вражиновски, “Александар 3 Македонски во македонската книжевност” и многу други.

Во печат е и книгата “Хроника за Мариово” од нашиот починат сограѓанин Милан Ристески. За скоро време ќе се промовираат повеќе книги.

Loading