Во Тополчани

Фолклорниот ансамбл „Мирче Ацев“ од Тополчани со целовечерен концерт утревечер од 19 часот во Домот на културата во селото ќе прослави 40 години од постоењето. Ората “Тргна ми Ленка”, “Тресеница” “Водарки” “Калајџиско”, “Сплет од Источна Македонија” во кореографија на Диме Билески ќе ги играат сите членови од трите групи.
Гости ќе им бидат играорците од КУД Новаци.
Веќе 40 години ансамблот го негува македонскиот фолклор и настапува низ земјата и во странство. Низ годините преку 150 играорци ја пренесувале македонската традиција и народно богатство.
![]()

