ТУТУНАРИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ОТКУПНАТА ЦЕНА

ГРУЕВСКИ НАЈАВИ СУБВЕНЦИИ И ЗА ДОГОДИНА

Dijalog za perspektivite na tuitunot  Gruevski so eden od tutunarite

Тутунарите се задоволни од откупот на тутунот. Во тоа лично се увери лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски кој присуствуваше на откупниот пунк во Тутунскиот комбинат и се сретна со оние кои го предаваа родот. Земјоделците изразија задоволство од откупната цена постигната за годинава и од субвенциите од 60 денари обезбедени од Владата. Просечната цена за откуп на тутунот во земјава изнесува 188,5 денари. На средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, дел од тутунарите рекоа дека постигнале цена од 196 денари и оти очекуваат таа да достигне и над 200 денари.

– Многу е подобро од пред 10 години, рече еден прилепски тутунар изразувајќи задоволство од постигнатата цена и од условите за откуп особено во последниве години.

Gruevski megu tutunarite

Просечна цена 195-200 денари плус 60 денари од Владата, ќе биде околу 280 денари и сме преблагодарни – вели еден од тутунарите.

– Одлично е годинава и лани беше добро, годинава е прекрасно и Комбинатот ја крена цената за 3-4 денари на класа, се гледа да му се помогне на народот. Ние сме презадоволни. Имаме доверба во вас. Ги гледаме резултатите, каде бевме пред десет години, а каде сме сега, сега сме два пати појаки од пред десет години – вели тутунар.

Субвенциите од државата почнаа пред седум години.

-Едно евро тутун воведовме во 2009-та година. Во 2007-ма беше 30 денари, па 45 во 2008-мата и 60 денари во 2009 година и така ќе остане. Исплата навреме и законот се донесе за да се следи процедурата дали е добра за откупот, како и за цената по класи дали е прецизно направена, истакна Груевски во разговорите со тутунарите.

Kombinatot na zdravi noze

На минатите избори, истакна Груевски, кажавме дека фирмата “Филип Морис” влегува во Македонија и еве го резултатот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во Изборната листа 4 на коалицијата “За подобра Македонија”, на средбата со бројните тутунари кои го предаваа тутунот, се интересираше освен за цената и за тоа дали тие се задоволни од Законот за тутун со којшто се подобруваат условите и се гарантира цената на овој производ. Тој истакна дека во изминатите пет години се исплатени 52 милиони евра субвенции за тутунарите во Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

Subvencii za tutunarite i v godina

– Оваа година во откупот на тутунот се вклучени шест компании и две дополнително. За оваа и за следната година се обезбедени средства за субвенции за тутунот, а тоа е предвидено, и во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ, и за следните четири години – рече Груевски.

Како што се оценува, годинашната реколта тутун е со исклучително добар квалитет и се очекува да резултира со откупени 18.000 до 19.000 тони тутун.

Loading