ТОПЛА ЗИМА И ЛАДНО ЛЕТО

Salamander -  prepoznatliv amblem edinstveno za AldinАлдин  ДОО за производство и монтажа на ПВЦ дограма

– Саламандер профилите штедат на греењето и разладувањето на домот

ПВЦ дограма со највисока термичка и звучна изолација со оригиналните германски профили од реномираната компанија Саламандер веќе 14 години произведува и монтира фирмата Алдин од Лажани. Разликите се чувствуваат во заштедата на енергија. За кус временски период се враќа инвестицијата по замената на класичните, дрвени со петкоморни, па и повеќекоморни ПВЦ врати и прозорци. Последниве години збогатен е асортиманот со профили со многубројни нијанси на текстурата на дрвото. Неколку години веќе инсталирана е најсовремена опрема која е ефикасна, брза и прецизна. Вклучувајќи ЦНЦ машини, што е последен здив на технологијата во оваа сфера, Алдин располага со технички капацитет за производство на 160 врати во смена во погонот со осум работници во селото Лажани.

Според сопственикот Кемо Кујовиќ, препознатлив знак на профилите на Саламандер е зелената боја и амблемот со гуштер на профилите кои се кројат, сечат и се вградуваат за куќите и становите. Бидејќи нудат висок квалитет, со три дихтунзи и А класата, со најголема дебелина на ѕидовите на петкоморните профили, еднаш месечно испорачуваат шлепер готови прозорци и врати за монтажа во Швајцарија и Германија.

Moderna i efikasna tehnologija vo Aldin

– Цените се стандарди. Не се поскапи, а квалитетот е многу повисок. Носечки сме на прилепскиот и околниот пазар. Организирани сме со превоз и луѓе за монтажа. Затоа успеваме да ги задоволиме сé позачестените барања во странство, и тоа со производство најмногу за 15 дена. Саламандер профилот е симбол за квалитет, но само со зелена боја, а со црна е друга фабрика – објаснува Кујовиќ.

Според него, иднината на дограмата е ПВЦ и други модерни материјали, бидејќи неколкукратно е поздрава и потрајна, одолева на ниски и високи температури нема деформации, лесно се одржува, не е потребно обојување во споредба со најквалитетната дрвена дограма. За изолацијата од звучен и топлотен карактер, и да не се зборува. Веднаш по монтажата на врати и прозорци на ПВЦ Саламандер паѓаат трошоците за загревање зиме и за разладување во лето. Домаќинствата кои делумно ги промениле старите прозорци и врати со нови ПВЦ Саламандер веднаш ги забележуваат предностите и повторно ги бараат за комплетирање и заокружување на отворите во домот или станот, бидејќи се постигнува и успешен декор на домот и работните простории со извонредниот дизајн и квалитет. Прозорците и вратите по мерка се докажани во областа на енергетската ефикасност и функционалност. Ликот на куќите и зградите добива оптички, функционален изглед, намалувајќи ја драстично енергетската загуба.

Loading