МИЛИОНИ ОД СПОРТСКА ПРОГНОЗА

Историја

Прилепчаните одамна се прочуени како одлични спортски прогнозери. Некогаш наместо во обложувалница, резултатите на натпреварите ги прогнозираа на тикетот од играта “Спортска прогноза”. Во сезоната 1975/76 беше објавено дека највисоката награда во шестото коло ја освои 25-годишниот Ацо Ѓорѓиески, вработен во претпријатието ,,Црвени стени”. Тој ги погодил резултатите на сите 12 меча од Првата и Втората југословенска лига, а покрај првата награда, добил и шест втори награди со погодени 11 натпревари. Вкупно подигнал 43 милиони динари со кои најавил решавање на станбениот проблем.

Претходно милионер од оваа игра станал Илија Чурлиноски, продавач во “Елегант”, со подигнати 44 милиони динари.

Loading