ТРЕТОНОЕМВРИСКАТА НАГРАДА ВО ИТАЛИЈА

Илија Несторовски

Полн погодок беше доделувањето на наградата „Трети ноември“ на фудбалскиот интернационалец Илија Несторовски, голгетерот на прволигашот Палермо. Италијанските медиуми ја пренесоа информацијата дека Општината му оддаде признание со образложение ,,тој е спортски амбасадор на Прилеп и Македонија”. Воедно е пренесена изјавата на фудбалерот во вид на благодарност за наградата, каде вели дека таа му претставува голема чест и мотивација за понатамошни успеси во дресот на Палермо и репрезентацијата на Македонија.

Во меѓувреме Несторовски против Болоња го даде седмиот гол, а в недела гостува на Фиорентина.

Loading