Борење
Државното првенство за младинци до 20 години беше успешно за БК 7 Мај Леов. Во салата “Шабан Трстена” во Скопје тројца членови на клубот освоија два сребрени медали. Според очекувањата настапи Теодор Темелковски во категоријата до 55 килограми. Со три тешки борби стигна до финалето, каде загуби од фаворитот, претставник на Тефејуз Скопје. Вторпат загуби од него, сега со помала разлика на поени, што значи дека му се приближува. Пријатно изненади Марјан Мимичкоски до 60 килограми. Неочекувано се проби до финалето, каде му даде силен отпор на шампионот од Лирија Скопје. Заслужено е среброто и за Мимичкоски. Во категоријата до 66 кг. мала грешка скапо го чинеше Христијан Пенков, кој наместо медал го освои петтото место.
Денеска шестмина борачи од БК 7 Мај Леов заминуваат во Белград, на учество на турнирот “Белградски победник”.
![]()

