ДРВЦА И ГРАВЧЕ

Em planinarat em posumuvaat - planinarite na Kozjak

Дваесетина планинари на Козјак засадија 78 садници во околината на планинарскиот дом Дервен неколку дена пред традиционалната акција за озеленување на Македонија. Повод за збогатувањето на природата и ширење на еко свеста, пред сé поагресивниот налет на крадците на шумите, била годишнината од формирањето на друштвото пред 78 години. Опремени со дурии и лопати, мотики и копачи, планинарите изретчија десетици млади дрвца од блиската густа шума и ги преселија во ливадата во близина на остатоците од планинарскиот дом. Додека младите фиданки почнаа да виреат во плодната почва, планинарите на трпеза со вкусно гравче коваа нов план за озеленување на оваа атрактивна локација во манастирот Свети Ѓорѓија. 

Loading