ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА КУД „МИРЧЕ АЦЕВ“

KUD Mirce Acev - afirmator na folklornoto nasledstvo

Вечерва од 20 часот во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи КУД „Мирче Ацев“. Ќе настапат стотина играорци со сите групи, од најмали сé до првата постава. Избор се ората Драчевка, Тресеница, Старо Тиквешко и др.

Друштвото за негување на македонскиот фолклор го организира традиционалниот годишен концерт за 69 годишнината од постоењето. Играорците го претставиле националното фолклорно богатство на многу фестивали низ земјата и странство за што добиле повеќе награди и признанија.

Loading