ИЗЛОЖБА НА НАТАША МИЛОВАНЧЕВ

Neobicno slikarsko tvorestvo na Milovancev„Кодирани предели – Исток – Запад рециклирано“ е тематската изложба од 21 дело од Наташа Милованчев што ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата „Борко Лазески“ во ЦК „Марко Цепенков“. На второто претставување во Прилеп, авторката изложува дела во комбинирана техника на хартија.

За љубопитните очи на уметноста е поставен пресек низ визуелните наслојувања во временскиот период од 2012 до 2015 г. Станува збор за своевидна синтеза на елементите од еден подолг истражувачки процес. Во нив како иконографска, предлошка, авторот го варира присуството на еден мотив, што се јавува како метафора, како сублимирано – функционален, но и поетички знак во, и на просторот.

Авторката е дипломец на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде и сега е вонреден професор. Завршила и магистрирала и ФЛУ, на сликарскиот остек. Член на ДЛУМ од 1994 година. Работи и театарски и графички дизајн. Добитник е на две национални награди за сликарство и плакат. Имала бројни изложби во земјата и во странство. 

Loading